3.12.23

Ана Динковска: 2 песни (1999)

АНТИНОМИИ

Белината веќе не возбудува
Се крие ѓаволско време во нечиј ум
Мислата не прогонува, туку дразни
Желбата пелтечи пред сонот.

Безмерно се мешаат две голтки вино
Залуден е Божјиот бакнеж в чело
Молкот е бреме, но не спокојство
Магливиот поглед е вистински изум.

ПРЕДИЗВИК

„И нема затоа ништо толку зло,
а да нема во себе соврш
ено добро“
Парацелз
иус

Тропоти Глуждот, Забите чкртаат
Мозокот се отвори за нова Лага
Чизмата нѐ гази, Пропаста нѐ води
Бесмилата е скриена во Крикот.

Гласот одамна шепне Тишина
Елипсата се затвора во Круг
Задушена Желба во мрзлива Утеха
Скриена желба со ѓаволски Предзнак.

No comments:

Post a Comment