ЛУМПЕН-ПРОЛЕТЕРСКА
Пасионирани јавачи на ветер
Ја кршат монотонијата на ноќта
Која го пушта крикот во воздух.
Јалови курви со излижани штикли
Го лижат избледнатиот тротоар
Налепен со пикавци и мирис на сперма
Осамени адолесценти со расипани мисли
И сокриени ножеви во џебовите
Ја демнат својата шанса за успех
Изгубени патници на железничките станици
Со изгужвани пиџами
Во црните акт-ташни
Чекаат пропуштени возови
Во непознати правци
Заборавени војници во ровови неископани
Со искинати кошули и сонови неостварени
И нивните генерали свежо избричени
Намирисани со скапи колонски води
И скриени слики на голи пички
Во позлатените шифоњери
Испосечени наркомани со ножеви
На нечиј смрдлив морал
Во името на правдата!
Во името на Бога!
Во името на народот!
АПОКАТАСТАЗА
Господ им верува на своите чеда
И никого нема да прати
Во пеколот
Емоционална хаварија
На сто милји под морето
И
Фиук на ветрот
донесен од
Североисточните степи
АААААААААААААААХХ!!!
Крик на животно
И нож забоден в око
ELI! ELI! LEMA SABAKTHANI!
Три илјади и петстотини
килограми
Тринитротолуол
Поставени
Под името на историјата
Конечно ја задавивме уметноста
Бог е добар, Бог простува СÈ


