панорама на македонската поезија
Како светулкаѕвезда во градитеми се прпелка.Низ густата магла во очитеполна месечинами се пробива.Во подножјето на умотпрелест ми плете пајажина.Во стомакот зуежи,а под пазувите крилами се отвораат.И одеднашсветлина станувам.
No comments:
Post a Comment